Македонија

Божиновска: Енергетската безбедност бара регионална соработка и поврзана инфраструктура

Македонија работи на два клучни гасни интерконектори

Енергетската безбедност денес е заедничка одговорност на целиот регион и може да се постигне само преку поврзана инфраструктура, усогласени политики и заеднички инвестиции, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Нејзиното обраќање беше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, на кој учествуваа министри од Западен Балкан, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница.

Министерката истакна дека визијата на Македонија е изградба на целосно поврзан регионален енергетски систем кој ќе ги обедини електроенергетските, гасните и идните водородни мрежи. Таа додаде дека земјата активно работи на интеграција во европскиот енергетски пазар.

Божиновска информираше дека гасниот интерконектор со Грција треба да биде завршен до 2027 година, додека интерконекторот со Србија е во фаза на подготовка и се очекува да биде реализиран околу 2028 година. Со овие проекти ќе се отворат нови извори на снабдување, вклучително и со течен природен гас преку Грција.

На состанокот беше поздравен напредокот на Македонија во усогласувањето со европското енергетско законодавство, како и пуштањето во функција на интрадневниот пазар на електрична енергија.

Министерката порача дека иднината на регионот зависи од заедничко делување, а интеграцијата во европскиот енергетски систем ќе донесе поголема енергетска сигурност, конкурентност и привлекување на инвестиции. Посебен акцент беше ставен на потребата од диверзификација на изворите на снабдување, зајакнување на интерконекциите и зголемување на домашното производство на енергија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top