Бизнис

Со годишниот план за 2025-та инвестиции од околу 1,4 милијарди евра, рече министерката за енергетика

За 2026 година до Министерството се пристигнати барања за изградба на енергетски капацитети со вкупно 10.950 мегавати моќност од кои 1.697 мегавати ветерни централи, 4.758 мегавати фотоволтаици, една гасна централа од 21 мегават и една гасна когенеративна централа. Има барања и за 2.573 мегавати самостојни складишта, како и за 1.405 мегавати интегрирани складишта.

Изградба на енергетски објекти со вкупна моќност од 1.265 мегавати, предвидува годишниот план за 2025-та, што е околу 1,4 милијарди евра инвестиции – рече министерката за енергетика Сања Божиновска. Како што информира Божиновска на брифинг со новинарите, од овие 1.265 мегавати,  хидроцентрали се 15, фотонапонски се 812, ветерни се 426 и уште 11 се за биомаса. Во финална фаза е прегледувањето на сите документи.

  • Првпат имаме и интегрирани и изолирани складишта. За изолирани складишта имаме 675 мегавати, а интегрирани се само 93 – истакна министерката.

Според неа, донесен е и Правилникот за изградба на енергетски објекти и до него ќе мора да се држи секој инвеститор. Во Правилникот е прецизно објаснето што треба да поднесе секој потенцијален инвеститор, почнувајќи од физибилити студија, независно за каков објект се работи.

За 2026 година до Министерството се пристигнати барања за изградба на енергетски капацитети со вкупно 10.950 мегавати моќност од кои 1.697 мегавати ветерни централи, 4.758 мегавати фотоволтаици, една гасна централа од 21 мегават и една гасна когенеративна централа. Има барања и за 2.573 мегавати самостојни складишта, како и за 1.405 мегавати интегрирани складишта.

  • Вкупно се 10.950 мегавати што е многу. Ова е сериозна бројка и МЕПСО ќе треба да прави план, односно мрежата треба да се зајакне – истакна Божиновска.

Дополни и дека до 31 јануари 2026 година треба да помине владиниот план, а во меѓувреме ќе се оценува дали доставената документација за енергетските објекти е во ред. Министерката на брифингот соопшти и дека во првиот квартал ќе се донесе законот за обновливи извори на енергија.

Нагласи и дека поврзувањето на енергетските пазари е предвидено за 2027 година, па во 2026 година кај ниту една членка на Енергетската заедница нема да има спојување на пазарите.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top