Македонија

Брисел наскоро потврдува дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора

Успешно се завршени 16 или 17 од 22 индикатори за извештајниот период кој заврши кон крајот на 2025 година

Од Брисел многу бргу ќе дојде информација дека од последни во регионот сега сме рамо до рамо со фронтранерот Црна Гора. Успешно се завршени 16 или 17 од 22 индикатори за извештајниот период кој заврши кон крајот на 2025 година. Таа информација ќе дојде деновиве и ги прердупредувам во СДСМ за прес-конференциите што ги прават и народски кажано да не се истрчуваат како прле пред магаре, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ како ги коментира обвинувањата од опозицикста партија дека недоволно се реализира реформската агенда.

Мицкоски посочи дека на крајот на јуни завршува грејс-периодот за оние индикатори што требало да бидат завршени заклучно со јуни 2025 година и дека од 12 кои се во грејс-период, останале десет и до јуни треба да бидат завршени.

-Очекувам најмалку седум или осум од десетте индикатори да бидат завршени во рокот на грејс периодот, а притоа да бидат уште неколку такви индикатори завршени за другите извештајни периоди, кои се зад нас, но и од оние пред нас, зашто имаме и некои што пред време се исполнуваат, рече Мицкоски и соопшти дека денеска во Владата ќе има координација со министрите со надлежности за индикаторите што треба да завршат до крајот на јуни.

Тој на седницата за пратенички прашања во детали ги објасни фазите од реализацијата на индикаторите. Првиот индикатор, кој треба да се заврши во делот на енергетиката, е државата повеќе да не учествува со целосната количина на електрична енергија на тендерот што снабдувачот, сега еднаш годишно, во согласност со новите одлуки на РКЕ, го објавува за да може да ги снабдува граѓаните.

-Практично, да престанеме да ја субвенционираме електричната енергија за граѓаните. Вредноста на овиј индикатор е околу 8,5 милиони евра. Третина од овие пари е грант, другото е мек кредит кој почнува да се отплаќа од 2032 година. Јавно и јасно кажувам дека овој индикатор немаме намера да го завршиме. Затоа што ако го направиме тоа и не учествуваме повеќе со целосната количина на електрична енергија на јавната набавка што ја прави снабдувачот, тогаш цената на електричната енергија за домаќинствата и за оние потрошувачи кои добиваат од снабдувачот ќе биде можеби и повеќе од 30-35 проценти повисока и тоа потоа ќе повлече и други работи, со други зборови – ценовен шок. Затоа јавно кажуваме дека тоа немаме намера да го правиме, истакна Мицкоски.

Рече дека во Министерството за енергетика се работи на довршување на подзаконските акти, заедно со експерти препорачани од Европската комисија, со цел да стане функционален донесениот Закон за енергетика.

Третиот индикатор се законите од економскиот дел од Владата, посочи дека тука има закон донесен пред десетина години и оти Министерството за финансии постапило во согласност со препораките од канцеларијата на Европската комисија.

-И покрај тоа што ни беше кажано дека тоа е доволно, излезе дека треба да имаме одредени промени во законот. Ќе го направиме тоа многу бргу, Министерството за финансии работи, очекувам дека во мај тоа ќе заврши, бидејќи промената е повеќе семантичка отколку суштинска.

Чевртиот индикатор е поврзан со Министерството за економија и труд и тоа работи со надворешни експерти и очекувам до крајот на овој грејс-период и тој индикатор да биде завршен. Практично тоа е да се формира одреден регистар на правни лица каде што државата е целосен или делумен учесник во сопственичката структура. Очекувам МЕТ тоа да го заврши, информираше Мицкоски.

Соопштувајќи за петтиот индикатор, рече дека и покрај тоа што помина Законот за судски совет, „има одредени лесни забелешки“ за кои смета дека се прифатливи и тие многу скоро, рече, ќе се најдат пред пратениците за усвојување.

-Не е ништо суштинско, но во рамките на барањата од страна на Европската комисија. Во реформите во правосудството доаѓаме до оној момент, а тоа е независноста на судиите и обвинителите во делот на вработување и унапредување. Тоа се два индикатори, односно плановите за вработување и унапредување да не зависат од одобрување на Владата туку Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да им дадат одобрување. Да потсетам дека оваа година Министерството за финансии мислам дека веќе даде согласност за вработување за неколку стотици луѓе во службите во судовите во Македонија. Тука се и платите – Уставниот суд донесе одлука да се вратат коефициентите од 2025. Ние не можеме да ги вратиме во 2024, бидејќи одлуката на Уставниот суд е конечна, со тоа се исполнува условот, во согласност со новите коефициенти, судиите да имаат повисоки плати, рече Мицкоски.

Додаде дека со синдикатите е потпишан договор за зголемување на нивните плати, со што, рече, „практично и тој дел од индикаторот успеавме да го надминеме и да го завршиме“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го означи стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, на кој годинава учествуваат рекордни 15.020 натпреварувачи. Ѓорѓиевски порача дека Скопје денеска е во знакот на спортот, а илјадници учесници со различни цели и лични приказни ги исполнија улиците на главниот град. […]

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top