Македонија

Бугарија и Европарламентот да го прочитаат Вебстер од пред 62 години

Никој освен Софија нема дилема дека македонскиот е посебен јужнословенски јазик од сите свои соседи

 

По срамната одлука на Европарламентот под притисок од Бугарија да го исфрли македонскиот јазик од извештајот за Македонија затоа што Софија инсистира дека тој е дијалект на бугарскиот јазик добро би било европарламентарците и бугарските власти да го прочитаат Вебстер од пред 62 години.

 

Според Вебстеровиот 7-ми нов колегијален речник издаден во 1963: македонскиот е посебен јужнословенски јазик од сите свои соседи.

 

 

Се работи за издавачка куќа која за приоритет година англискиот јазик во Британија и САД се на полето на лингвистиката работи од првата третина на 19 век и која одлично ги познава состојбите во сите светски јазици.

Изданијата на Вебстер кој сега се нарекува Мирјам Вебстер се плод на децениски истражувања кои за македонскиот јазик почнале многу пред тој да биде кодифициран односно уште во 19 век кога не постоела македонска држава но постоел јазик различен од бугарскиот.

 

Производите на Мериам-Вебстер се поткрепени со над 150 години акумулирано знаење и искуство. Името Мериам-Вебстер е гаранција дека референтното дело го носи квалитетот и авторитетот на компанија која издава од 1831 година, пишува во оценката за компанијата која немала дилема дека македонскиот е различен од бугарскиот јазик.

 

Вебстер е еден од поновите апсолутни докази за лажните бугарски тврдења за македонскиот како дијалект на бугарскиот јазик, постојат многу постари докази за постоење на македонскиот јазик кои им се познати и на пропагандистите во Софија кои молчат за нив.

 

Извор на документот овде

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top