Македонија

Бугарската Фондација „Македонија“ ја брани Цеца по скандалот во Велес

Претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, изјави дека пејачката Светлана Ражнатовиќ, позната како Цеца, има бугарско потекло, поради што, според него, не треба да се смета за изненадување нејзиниот гест со развејување на бугарското знаме за време на концертот во Велес.

Претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, изјави дека пејачката Светлана Ражнатовиќ, позната како Цеца, има бугарско потекло, поради што, според него, не треба да се смета за изненадување нејзиниот гест со развејување на бугарското знаме за време на концертот во Велес.

Стојанов објаснува дека Светлана Ражнатовиќ, родена Величковиќ, потекнува од селото Житораѓа, кое до 1877 година било дел од Бугарската егзархија, во рамките на Нишката епархија.

„Тоа значи дека нејзиниот роден крај, исто како и Велес, припаѓал на духовното и културното пространство на бугарската нација. Во тој контекст, нема ништо скандалозно во тоа што човек со такви корени го крева бугарското знаме – напротив, тоа е чин на признание кон сопствената историја,“ наведува Стојанов.

Фондацијата „Македонија“ нагласува дека секој поединец има право да се гордее со своето потекло и со историската вистина.

„Бугарското знаме е симбол на култура, духовност и слобода – тоа не разделува, туку обединува,“ се вели во соопштението.

„Да не ја претвораме гордоста во омраза. Вистината не може да биде скандал,“ заклучува Стојанов.

Цеца го развеа бугарското знаме на концертот во Велес откако ѝ беше врачено од непознат обожавател во публиката. Публиката во Велес остро реагираше со исвиркувања, а реакциите не стивнуваат по инцидентот.

Најнови вести од: Македонија

Над 40 проекти на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

„Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

To top