Македонија

Бугарски евродепутати бараат внимание за случајот со Љупчо Георгиевски

Расизмот и говорот на омраза кон Македонците за бугарските евродепутати е израз на културна иницијатива

Двајцата бугарски известувачи во сенка во Европскиот парламент за извештајот за пристапувањето на Република ќ Македонија во ЕУ, испратиле писмо до сите европски пратеници во врска со осудата на Љупчо Георгиевски, претседател на здружението „Културен центар Иван Михајлов“ во Битола, кое е во меѓувреме распуштено.

Како што соопшти прес-центарот на бугарската партија „Възраждане“ во саботата, писмото го потпишале Станислав Стојанов, водач на партијата „Европа на суверените нации“ и заменик-претседател на нејзината група во Европскиот парламент, и европратеникот Ивајло Валчев.

Во писмото се посочува дека одлуката на Апелациониот суд во Битола, кој ја потврди условната затворска казна од една година за Георгиевски, претставува „длабоко загрижувачки развој на настаните“ во Македонија и поставува сериозни прашања за почитувањето на Копенхашките политички критериуми и основните вредности на Европската Унија.

Евродепутатите го оценуваат случајот како значаен судски преседан. Тие потсетуваат дека Георгиевски најави дека ќе ја обжалува пресудата пред Европскиот суд за човекови права. Според нив, осудата е особено проблематична бидејќи активностите на здружението биле мирни културни и историски иницијативи.

„Оваа кривична осуда испраќа длабоко загрижувачки сигнал во однос на слободата на изразување, културните права и можноста граѓаните отворено да се изјаснуваат како Бугари“, се наведува во писмото.

Двајцата известувачи во сенка сметаат дека станува збор не за изолиран случај, туку за дел од поширок тренд.

Дополнително, Ангел Георгиев од „Възраждане“, претседател на Комитетот за политика кон Бугарите во странство во бугарското Народно собрание, испратил посебно писмо по истото прашање до сите известувачи за Македонија.

Случајот со Љупчо Георгиевски се однесува на објавени цитати од Иван Михајлов на Фејсбук-страницата на здружението, поради што тој е осуден за ксенофобија, расизам и ширење на расна омраза преку електронски средства.

Најнови вести од: Македонија

Вработен на Универзитетот во Тетово, осомничен за проневера на над 3,3 милиони денари од студентски такси

Обвинетиот А.З., вработен како виш соработник за логистика и теренска работа, во периодот март 2020 – февруари 2023 година, е осомничен за проневера на пари што студентите му ги предале за учество, кофинансирање и други трошоци за студирање

Македонскиот „Стрип-креатор“ во трка за престижна награда на фестивалот „ Супертјун/ Supertoone “ во Шибеник

Македонската деветта уметност има свој претставник на престижниот Интернационален фестивал за анимација и стрип „Супертоон“ (Supertoon) во Шибеник, Хрватска. Фестивалот започнува денеска, 20 јули, и ќе се одржува на повеќе локации низ градот сè до 24 јули. Списанието „Стрип-креатор“ со својот јубилеен 40-ти број е номинирано во главната конкуренција за најдобар стрип-магазин, а македонските бои на овој голем летен културен настан ќе ги брани авторот Александар Стеванов, како дел од уредничкиот тим

Труењето во Гостивар нема да заврши како пожарот во модуларната каде виновен беше кабелот (ВИДЕО)

СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во тридневна посета на Македонија (ВИДЕО)

Посетата на Скопје се оценува како значаен дипломатски чекор во развојот на односите меѓу Македонија и Индија и отвора можности за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се Таравари, ДУИ и СДСМ да реагираат на скандалот со водата во Гостивар

Беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност

To top