Македонија

Бугарски писател го исмева македонскиот идентитет – се појавил 0,00001 секунда пред Големата експлозија?!

Писателот и публицист Иван Стамболов-Сула во колумна за „Труд“ ги нарекува Македонците „таканаречени“ и во наводници

Во колумна насловена „Идентитет – тоа звучи гордо“ објавена во бугарскиот весник „Труд“ тамошниот писател и пиблицист Иван Стамболов-Сула се потсмева со македонскиот.

„Луѓето од РСМ имаат историја помлада од нивната претседателка, но нивниот идентитет се појавил 0,00001 секунда пред Големата експлозија. Зборуваме за нивниот национален идентитет“, пишува тој.

„Жителите на РСМ се постари од вселената и пишувале на кирилица 6.000 години пред Кирил и Методиј, само од десно кон лево“, додава колумнистот во друг дел од текстот.

„Ами Србите? Постои цела српска псевдоисториска традиција, според која Србите не дошле на Балканот во 6-7 век, туку се автохтоно население од длабоката антика. Значи, Македонците можеби се современици на Големата експлозија, но сепак се дојденци тука“, вели Сула во провокативниот напис во кој Македонците ги означува како „таканаречени“ и тоа во наводници.

„Во некоја смисла, ние Бугарите не сме помалку смешни од другите балкански народи. Навикнати сме да се потсмеваме на таканаречените „Македонци“, но останатите, вклучувајќи нè и нас, не се многу различни“, заклучува тој во писанието објавено и на неговиот блог, а илустрирано со Александар Македонски во македонска носија со знаме со карта на Балканот и со вселената одзади.

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите – нивно изземање од шенгенските ограничувања

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите предлага Стопанската комора како решение за проблемот со македонските транспортери.

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

To top