Македонија

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи објави на социјалните мрежи дека на големиот концерт организиран во рамките на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија немало ниту еден Албанец меѓу изведувачите. „Моделот е јасен: исклучување на Албанците“, напиша Османи, поврзувајќи го концертот и со добитниците на државната награда „8 Септември“, пренесе Плусинфо, а на социјалните мрежи објави д-р. Ненад Лазаров.

Но, тврдењето на Османи за концертот е фактички неточно. Меѓу македонските уметници кои настапија со светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас беше и сопранот Дешира Ахмети-Крлиу. Нејзиното име е наведено и во извештаите од концертот, заедно со Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски. Таа е солистка и соработува со Националната опера и балет.

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

Станува збор за афирмирана македонска оперска певица од албанска етничка припадност. Ахмети-Крлиу е сопран со долгогодишна оперска кариера, а во нејзината професионална биографија се наведуваат улоги во дела како Моцартовиот „Дон Џовани“, Леонкавалоовите „Паљачи“ и Офенбаховите „Хофманови приказни“. Таа се усовршувала и на мастер-клас кај светски познатата оперска дива Рајна Кабаиванска.

Уште поинтересно е што присуството на Ахмети-Крлиу не било нешто што можело лесно да се превиди само поради атмосферата на концертот. Нејзиното име било објавено уште во најавите за спектаклот како дел од македонскиот музички „дрим тим“, а потоа било наведено и во извештаите по настапот. Таа беше на сцената со останатите учесници и во завршницата со Карерас.

Оттука, Османи може политички да ја критикува програмата за одбележување на независноста или застапеноста на етничките заедници, но конкретното тврдење дека на концертот немало „ниту еден Албанец“ не соодветствува со фактите. Дешира Ахмети-Крлиу беше таму – како една од избраните македонски музички уметници кои настапија на иста сцена со Хозе Карерас.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top