Македонија Бизнис

Дали скапата храна во рестораните дополнително ја подгрева инфлацијата?!

За инфлацијата, која во јули, според официјалната статистика, е зголемена за 4,8 отсто споредено со јуни минатата година, премиерот на 11 август рече дека „услугите засега се најголемиот генератор“ на зголеменото ниво.

„Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат на долг“ – премиерот Христијан Мицкоски по најавата дека Владата сака да донесе не популарни, туку долгорочни решенија за цените на храната.

И додека инфлацијата расте, државата причините ги гледа во поскапувањата во рестораните, транспортот и услугите, засилени од повисоките плати и пензии. Премиерот Христијан Мицкоски најавува претпазливост во носењето нови мерки, дел економски експерти предупредуваат дека досегашните потези се недоволни и дека властите потфрлаат во контролата на цените.

За инфлацијата, која во јули, според официјалната статистика, е зголемена за 4,8 отсто споредено со јуни минатата година, премиерот Христијан Мицкоски на 11 август рече дека „услугите засега се најголемиот генератор“ на зголеменото ниво.

  • „Тоа значи дека зголемените плати и пензии прават притисок врз побарувачката. Имаме зголемена побарувачка и луѓето можат да ја платат цената за услугата, а тие што ја нудат, ги качуваат цените на услугите се додека консументите можат да платат“, изјави Мицкоски.

Според СДСМ, Владата се потпира на импровизација и наместо системски да го искористи законот за нефер трговски практики, таа води политички маркетинг.

За воведување мерки, во Владата се „многу внимателни“ бараат трајни решенија за кои Мицкоски денеска кажа дека е „подобро на каток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок„.

Засега останува само „ад-хок решението за септември, а тоа е училишната кошничка“. Тоа е владина мерка што од 15 август до 15 септември 2025 треба да ги намали цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто во големопродажба и 15 проценти во малопродажба. Мерката опфаќа производи како тетратки, ранци, моливи, калкулатори, лепак – и важи за сите продавници, од книжарници до супермаркети и спортски продавници.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

To top