Македонија

Дали Весна Јаневска ќе биде министерка за здравство?

Одговорајќи на новинарско прашање дали можеби таа ќе дојде на местото на Арбен Таравари кој најави излегување од Владата, актуелната министрка за образование Весна Јаневска вели дека рано е да се размислува за таково нешто. Како што вели, Владата има премиер, а веројатно има и преговарачки тим. Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како […]

Одговорајќи на новинарско прашање дали можеби таа ќе дојде на местото на Арбен Таравари кој најави излегување од Владата, актуелната министрка за образование Весна Јаневска вели дека рано е да се размислува за таково нешто.

Како што вели, Владата има премиер, а веројатно има и преговарачки тим. Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде, рече денеска Јаневска.

„Сосема е рано да се размислува за такво нешто, ќе кажат тие што се одговорни, кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме“, одговори Јаневска на прашањето дали би ја прифатила челната позиција на Министерството за Здравство.

Касами: Можно е Министерството за здравство да оди кај ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top