Македонија

ВРЕДИ: На крај само Таравари ќе заврши „во скутот на ДУИ“!

Секој ден се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на лидерот на едното крило на Алијанса, она на Арбен Таравари да оди „во скутот на Ахмети“, велат од ВРЕДИ „Оставката на пратеникот Салим Сулејмани е најдобар доказ дека Албанците ниту се купуваат ниту се продаваат за позиции. Ова е највисок морален чин што […]

Секој ден се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на лидерот на едното крило на Алијанса, она на Арбен Таравари да оди „во скутот на Ахмети“, велат од ВРЕДИ

„Оставката на пратеникот Салим Сулејмани е најдобар доказ дека Албанците ниту се купуваат ниту се продаваат за позиции. Ова е највисок морален чин што заслужува секаква почит. Како пратеникот Сулејмани, огромното мнозинство од структурата на Алијансата за Албанците е на истото мислење и оставките почнаа масовно да се појавуваат, ова е затоа што гласачот на Алијансата за Албанците не голта да оди во скутот на Али Ахмети само поради пазарењата на Таравари“, велат од Коалицијата ВРЕДИ

Според нив Таравари покажал дека не е способен да води или управува партија.

„За помалку од две години, тој толку многу ја наштети оваа партија што не ѝ нанесе штета на ниту една спротивставена страна.

Сега, кога оставките се последователни, се чини јасно дека Таравари ќе заврши сам во скутот на Али Ахмети“ предвидуваат од ВРЕДИ.

Оттаму велат дека од самиот почеток биле на мислење дека во Алијансата за Албанците има чесни луѓе со морална одговорност кон електоратот.

„Овие наши изјави денес ги потврди пратеникот Сулејмани, како и голем број други функционери, активисти и гласачи, кои на никаков начин не се поврзуваат со злото. Албанскиот граѓанин, без разлика дали е функционер, активист или гласач, не е алатка во рацете на Таравари што треба да се користи за пазарење на ниско ниво“, велат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top