Македонија

Давкова по средбата со Бегај и прошетката низ Охрид: Преку културниот дијалог ги зацврстуваме мостовите на зближување, довербата, пријателството, меѓусебното разбирање и соработка

„Прошетката со албанскиот претседател Бајрам Бегај и неговата сопруга Арманда низ охридските сокаци и разгледувањето на древните вредности, коишто воодушевуваат со автентичноста и убавината, беше вистинско патување низ времето и богатата ризница на нашето исклучително и колоритно наследство. Преку културниот дијалог ги зацврстуваме мостовите на зближување, довербата, пријателството, меѓусебното разбирање и соработка.“ – објави претседателката […]

Прошетката со албанскиот претседател Бајрам Бегај и неговата сопруга Арманда низ охридските сокаци и разгледувањето на древните вредности, коишто воодушевуваат со автентичноста и убавината, беше вистинско патување низ времето и богатата ризница на нашето исклучително и колоритно наследство. Преку културниот дијалог ги зацврстуваме мостовите на зближување, довербата, пријателството, меѓусебното разбирање и соработка. – објави претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова на својот официјален фејсбук-профил по денешната работна средба и разговорот со претседателот на Албанија Бајрам Бегај во Охрид.

Во својата објава на општествената мрежа македонската претседателка Силјановска-Давкова дополни: Посетивме неколку единствени обележја, почнувајќи од Чинарот, продолжувајќи со Алипашината џамија, потоа споменикот на Св. Климент, куќата на Робевци, музејот на хартијата и црквата ,,Св. Софија” – секој од нив траен симбол на духовноста, уметноста, традицијата и историјата.

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top