Македонија

Крива Паланка ќе се збратими со Ќустендил

Советите на соседните општини од двете страни на македонско-бугарската граница утре ќе одржат заедничка седница во Ќустендил

Потпишувањето на меморандумот за соработка и за збратимување меѓу Крива Паланка и Ќустендил ќе биде главниот настан на утрешната заедничка седница на општинските совети на двата града, која ќе се одржи во Младинскиот центар во Ќустендил.

„Идејата е да се работи за подобра соработка. Имаме заеднички теми, како што се Коридорот број 8, заедничките годишни состаноци од двете страни на границата, соработката меѓу двете општини во економијата, туризмот, образованието, културната размена и прекуграничните проекти“, изјави претседателот на Советот на Ќустендил, Димитар Велинов.

За време на средбата ќе бидат презентирани и информации за актуелните иницијативи и проекти насочени кон развој на регионот и подобрување на поврзаноста меѓу соседните општини од двете страни на македонско-бугарската граница.

Ќустендил е третиот град од Бугарија со кој се збратимува Крива Паланка по Дупница и Банско.

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top