Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека одржал средба со претставници на големите трговски синџири во државата, на која било разговарано за состојбата со цените на производите.Тој истакна дека институциите активно ја следат состојбата на пазарот и порача дека нема да се дозволи профитерство.

  • „Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа“, изјави Мицкоски.

Според него, на средбата со претставниците на маркетите било заеднички заклучено дека цените треба да останат фер и дека не треба да има ново зголемување на производите. Премиерот додаде дека Владата ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и дека ќе интервенира доколку се појави потреба, нагласувајќи дека најважен е интересот на граѓаните.

Тој пред средбата изјави дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на состанокот и оти очекува во актуелната состојба на предизвици, сите да се однесуваат во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа, потенцира, се штити и бизнисот.

  • „Ќе разговараме отворено, како ние како Влада можеме да им помогнеме за да се одржи ценовната стабилност, да не дојде до драматично зголемување на инфлацијата, односно трошоците за живот. Очекувам во овие предизвикувачки услови, сите да се однесуваме во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа се штити и бизнисот. Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, за понатаму ќе видиме. Почетокот на годината е ветувачка според сите индикатори и параметри, но ние продолжуваме да работиме во интерес на стандардот на граѓаните. Трошоиците на мало се 1,6 отсто во февруари, што значи дека и базичната инфлација полека но сигурно се смирува. Имам јасни пораки и аргументи за денешниот состанок со трговците“, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со странските инвеститори во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top