Македонија

Давкова по средбата со Бегај: Се согласивме дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката – Коридорот 8 ќе биде еден од приоритетите

„Особено ми е драго што денеска во Охрид бев домаќинка на мојот драг пријател, претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата изразивме задоволство од воспоставеното пријателство и добрите односи меѓу двете земји. Се согласивме дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката меѓу двете земји. […]

„Особено ми е драго што денеска во Охрид бев домаќинка на мојот драг пријател, претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата изразивме задоволство од воспоставеното пријателство и добрите односи меѓу двете земји. Се согласивме дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Меѓу клучните проекти во оваа област е Коридорот 8, што треба да биде еден од приоритетите, кои ќе овозможат полесна комуникација меѓу земјите во регионот.“ – објави претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова на својот официјален фејсбук-профил по денешната средба со претседателот на Албанија Бајрам Бегај во Охрид.

Во својата објава на општествената мрежа македонската претседателка Силјановска-Давкова дополни: Со колегата Бегај изразивме надеж дека како соседи може да постигнеме успех во заштита на Охридското Езеро, природата и заедничкото природно богатство. Постои можност овие активности да бидат финансирани преку европски фондови, достапни со заеднички апликации на двете земји.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top