Македонија

„Дамла“ пијан ресенчанец со 2,83 промили алкохол во крвта возел трактор, па уапсен, исто и шестмина други, кои немале ниту возачка дозвола!

Лишени од слобода се 12 возачи, а меѓу нив тројца биле малолетници кои возеле без возачка дозвола, соопшти полицијата.

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на Македонија полициските службеници фатиле седум лица, кои управувале возило без возачка дозвола, три кои возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило, еден за возење под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената.

Од седумте лишени за возење без возачка дозвола, тројца се малолетници. Еден малолетник од Тетовско управувал возило, а двајца малолетници од Крива Паланка и од Неготино управувале мопеди без дозвола. Останатите четири возачи за истиот прекршок се лишени во Скопје, Штип, Кичево и Битола. Двајца возачи во Скопје и еден во Кичево управувале возило со активна забрана. Додека еден возач во Ресен управувал трактор со 2,83 промили алкохол во крвта и еден возач во Битола управувал возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top