Македонија

Денес напладне стартува новата 40 километри долга делница Врбјани-Охрид на автопатот Кичево-Охрид – Премиерот Мицкоски ќе присуствува на предавањето во употреба

Од денес ќе се овозможи сообраќајот на граѓаните и туристите кон Охрид на новиот коловоз на патниот правец Кичево-Охрид, на потегот од селото Врбјани до Охрид. Делницата е со должина од околу 40 километри и ќе има прекин кај селото Ботун. Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во […]

Од денес ќе се овозможи сообраќајот на граѓаните и туристите кон Охрид на новиот коловоз на патниот правец Кичево-Охрид, на потегот од селото Врбјани до Охрид. Делницата е со должина од околу 40 километри и ќе има прекин кај селото Ботун. Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на овој дел од автопатот Кичево-Охрид во 12 часот. Премиерот Мицкоски ќе има обраќање потоа. Останатиот дел од автопатот, според официјалните информации, би требало да заврши до крајот на 2026 година. Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.

Автопатот е во состав на западниот дел од коридорот 8, на кој работи и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Станува збор за делницата Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, каде што изведувачот работи засилено, следејќи ја динамиката што ја наметна Јавното претпријатие за државни патишта со решавање на прашањата околу експропријацијата на земјиштето.

За комплетирање на коридорот 8 од Скопје до Охрид е потребно да се доизгради автопатот од Кичево до Врбјани, но и делницата Букојчани-Кичево. Во врска со ова во моментов тече јавен повик за избор на изведувач. Според најавите, за делницата Требеништа-Ќафасан ќе се ревидира трасата, со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и на регионот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепини“! – Мајката го донела во штипската болница во тешка здравствена состојба!

Тригодишно дете од Штип вчера е примено во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија. По извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиазепини“, соопштија од СВР-Штип.

Најнови вести

To top