Македонија

Денес прес-конференција на министерката за образование Јаневска: Обезбедени се учебници за сите предмети и ученици во Македонија

„Од следната година не треба да има расправа за имање, немање учебници. Срамота е во 21 век да расправаме за тоа. Но, овој срам не е наш, туку на претходните кои го раководеле овој сектор, и на претходната Влада. Од сега натаму затворено е ова прашање.“ – нагласи министерката за образование на Република Македонија Весна Јаневска во изјавата дадена вчера, спроти утрешниот почеток на новата учебна година во сите основни и средни училишта во Република Македонија.

Министерката за образование и наука на Република Македонија Весна Јаневска денес ќе одржи во 12 часот прес-конференција спроти 1 септември, утрешниот почеток на новата учебна 2025/2026 година во основните и средните училишта во Република Македонија. „Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година.“ – веќе изјави вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска вчера нагласи дека треба да биде затворена темата околу тоа дали ќе има, или нема учебници од оваа година. „Ќе има учебници по сите предмети од прво до деветто одделение и од први до четврти клас за сите ученици. Во средното стручно лани имавме стотина печатени, оваа година имаме педесетина печатени нови наслови и дополнително педесетина поставени на веб-страниците за да можат учениците да учат. Јас би ѝ ставила крај на оваа тема годинава.“ – посочи Јаневска.

Според неа, учебници ќе има и за странските јазици за сите одделенија.

– Иако во изминатите седум години имаше проблеми со учебници, па не можеа на никој начин да обезбедат странски учебници, странски учебници ќе има по сите јазици за сите ученици. Со волјата, со упорна работа, со макотрпна работа, со еден многу сложен процес, со нов закон, со ново системско решение, со каталошки цени, ние покажавме дека ќе има учебници. Од следната година не треба да има расправа за имање, немање учебници. Срамота е во 21 век да расправаме дали има, или нема учебници. Срамот не е наш, туку на претходните кои го раководеле овој сектор, и на претходната Влада. Од сега натаму затворено е ова прашање.“ – нагласи министерката за образование Јаневска.

Таа напомна дека најголем број, односно 90 проценти од учебниците се доставени, а околу 10 проценти ќе се достават во првата недела од учебната година. „Веќе се доставуваат учебници. Најверојатно ќе има учебници, што ќе се достават и во првата седмица на учебната година. Секаде ќе стигнат: и во најодалеченото место, и на 30 и 50 километри, до планинските училишта, до сите подрачни училишта.“ – изјави Јаневска вчера.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top