Македонија

Денес во Битола фудбалски натпревар на младинските репрезентации на Македонија и Италија на возраст до 21 година – по пауза од 31 година

Последен пат меѓународен фудбалски натпревар во Битола беше одигран во 1994 година кога во „градот на конзулите“ гостуваше младинската фудбалска репрезентација на Шпанија.

Денес попладнето во Битола, по пауза од 31 година, повторно ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар, на кој ќе настапат младинските репрезентации на Македонија и Италија.

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија во зададените рокови го реновираа стадионот „Петар Милошевски“ за играње меѓународен натпревар од високо ниво. Потврда за тоа добија од специјална инспекција на УЕФА, која додели лиценца за фудбалски натпревари на клупско и репрезентативно ниво.

Средбата меѓу репрезентациите на Македонија и Италија на возраст до 21 година е закажана за 18:15 часот. Најголем дел од влезниците се продадени. На публиката ќе ѝ биде овозможено следење на натпреварот од целосно обновени трибини, За новинарите е подготвен посебен медиумски центар. Вложувањата и интервенциите во стадионот претставуваат значаен чекор за развојот на фудбалската игра во градот и регионот, посочија од Општина Битола во пресрет на попладневниот натпревар, за кој обезбедено е  осветлување.


Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top