Македонија

Денеска се празнува Свети Трифун

Според верувањето на нашиот народ тој е заштитник на лозјата и градините од разни штети и несреќи. Поради тоа луѓето го слават и во негова чест на овој ден се започнува со кроењето на лозјата

Христијанските верници денеска го празнуваат празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите, градинарите и винарите. Празникот, кој традиционално се слави на 14 февруари, има силно духовно и народно значење, особено во лозарските региони низ земјата.

Според верувањето на нашиот народ тој е заштитник на лозјата и градините од разни штети и несреќи. Поради тоа луѓето го слават и во негова чест на овој ден се започнува со кроењето на лозјата.

Наутро во црквите свештениците пеат молитви и се свет вода. Луѓето земаат од светата вода и ги прскаат лозјата за да бидат заштитени од секакви несреќи. По ова се закројуваат неколку лозници.

Според преданието, Свети Трифун бил христијански маченик од 3 век, роден во Мала Азија, познат по својата вера и исцелителски дарби. Се верува дека уште како млад имал моќ да лекува болести и да истерува зли духови, поради што бил почитуван меѓу народот.

Но, поради својата вера бил погубен за време на прогонот на христијаните во Римското Царство.

Во народната традиција, овој ден е поврзан со почетокот на лозарската сезона. Лозарите излегуваат во нивите и симболично ги закројуваат лозите, полевајќи ги со вино и посакувајќи бериќетна година.

Се прави и мал обред со погача и варено жито, а домаќинот се избира за „цар на лозјата“ доколку најмногу му „тече“ виното од закроената лоза – што симболизира плодност и добра берба.

Свети Трифун се смета за предвесник на пролетта и надеж за родна година, а празникот претставува спој на верата, традицијата и вековната култура на одгледување лоза и производство на вино во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

To top