Македонија

Депонијата „Вардариште“ заминува во историјата

Ова, во објава на Фејсбук го најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски

Багери и тешка механизација влегоа вчера во неформалната депонија Вардариште, да го исчистат површинскиот слчој од ѓубре.

Новиот градоначалник на Скопје, орце Ѓорѓиевски, вчера во рамки на големата акција за расчистување на скопските улици и паркови, соопшти дека почнало чистењето и на вардариште, но и одгасување, за според неговиот план, таму да никне парк.

„Вардариште од 18 часот денеска се чисти, површинскиот отпад. Но, во наредниве денови ќе биде ангажирана и компанија којашто ќе започне со процес на одгасување на депонијата, што значи дека не отстапувам од идејата, согласно физибилити студијата, да нашиот народ таму, во делот Гази Баба, но и делот Аеродром, добијат парк којшто ќе можат да го користат заедно со своите семејства“ , рече синоќа Ѓорѓиевски, на почетокот на акцијата за расчистување пред Спортската сала „Борис Трајковски“.

За расчистувањето на Вардариште, уште ноќеска, на социјалните мрежи информираа градоначалниците на гази Баба, Аеродром и скопскиот градоначалник.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top