Македонија

Девојче во Куманово брутално тепено и понижувано од врснички (ВИДЕО)

Девојчето е тепaно, влечено за коса и фрлено во ѕид

Ново вознемирувачко видео од физичко насилство меѓу малолетници пристигна од Куманово. На снимката се гледа како три девојки брутално го тепат едно девојче, влечејќи го за коса, удирајќи го со шлаканици и клоци, а во еден момент го фрлаат во ѕид.

Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец, а видеото првично било објавено на „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Жртвата вчера се обидела да го пријави случајот во полициска станица Куманово, а денеска била примена на разговор.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдија дека СВР Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Ова е втората сцена на малолетничко насилство обелоденета овој месец. Претходно, во скопската населба Аеродром, беше објавено видео на кое девојче беше натерано да клекне, да се извинува и да ветува дека нема да го пријави настанот, додека беше удирано и снимано од поголема група малолетници.

Јавноста повторно реагира со вознемиреност и повици за построги мерки против насилството меѓу младите и поголема одговорност од институциите.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top