Македонија

Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба: Економијата се мери со бројки, а не со паника

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го повика економскиот тим на СДСМ на отворена средба во Министерството за финансии, при што остро ја обвини опозицијата дека шири „паника, невистини и политички конструкции“ за економската состојба во земјата.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го повика економскиот тим на СДСМ на отворена средба во Министерството за финансии, при што остро ја обвини опозицијата дека шири „паника, невистини и политички конструкции“ за економската состојба во земјата.

Според неа, економските показатели јасно сведочат за стабилизација и раст, а критиките од страна на Венко Филипче и СДСМ ги оцени како „хистерични прес-конференции“ без реална основа.

„За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките опозицијата не стои баш добро“, порача министерката.

Таа истакна дека Владата наследила „празна каса, натрупани долгови и нарушена доверба“, нагласувајќи дека јавниот долг од 4,78 милијарди евра во 2017 година пораснал на речиси 9 милијарди евра до вториот квартал од 2024 година.

„Тоа е практично двојно зголемување на јавниот долг за време на владеењето на СДСМ“, рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи дека во изминатите шест квартали економијата бележи раст од околу 3 проценти, а во 2025 година растот достигнува околу 3,5 проценти. Платите растат со динамика близу 10 проценти, бројот на нововработени лица се зголемува, а капиталните инвестиции се реализираат на историски високо ниво.

Таа додаде дека Владата истовремено сервисира стари долгови и финансира нови капитални проекти, при што минатата година била отплатена еврообврзница од 500 милиони евра, а оваа година достасува обврзница од 700 милиони евра. Од 2026 до 2031 година, државата има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати.

Димитриеска-Кочоска ја обвини претходната власт дека оставила „хаос во јавните финансии“, додека актуелната влада води „домаќинска, внимателна и одговорна политика“.

„Фактите, бројките и резултатите се на страната на Владата. А кога е така, политичките конструкции многу брзо паѓаат во вода“, заклучи министерката за финансии.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top