Македонија

Димитриеска-Кочоска: Се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судствотo, но и споредби како е тоа регулирано во европските земји

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони, поврзани со правосудството и бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа. Но тој нагласува оти ќе се бара отчетност за секој потрошен денар преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави рече дека во моментов се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството, а споредбите се прават и врз основа на тоа како е регулирано тоа во европските земји.

„Премиерот денеска кажа дека ќе има договор согласно со кој ќе има одреден процент, што ќе го добие судството. Правиме анализи во моментов со цел да видиме како е во европските земји, бидејќи за некој процент што зборуваше, е многу повисок во однос на тоа што значи процент, издвоен за судство во европските земји.“ – посочи Димитриеска-Кочоска. Таа направи споредба со буџетите на судството во изминатите години, како и средствата што тие ги бараат.

„Нивниот буџет во 2025 година бил 2,85 милијарди денари, па потоа со ребалансот 2,74 милијарди денари, за следнава година се на исто ниво како минатата, а барале 5,22 милијарди денари. Значи од 2,7 милијарди барале 5,22 милијарди денари. Притоа лимитот којшто согласно законот за буџети кога се подготвува буџетскиот циркулар, секој буџетски корисник добива од Минстерството за финансии лимит, во рамки на којшто треба да си ги планира своите расходи. Лимитот им бил 2,99 милијарди денари. Она што е многу поважно за мене, во однос на платите, платите за 2023 на пример за да направиме споредба биле 1,99 милијарди денари, платите во 2025 се 2,33 милијарди денари, а платите, кои ги побарале во тој буџетски циркулар за плати побарале 3,75 милијарди денари. Значи од 2,3 побарале скоро 1,4 милијарди денари повеќе во услови кога имаме фискална консолидација, кога некогаш се трошело многу повеќе отколку што било дозволено, а ние сега треба државата да ја вратиме во нормала што значи следната година треба да постигнеме три проценти буџетски дефицит .“ – напомна минитерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

Таа повтори дека во моментов се прават анализи за тоа отприлика колкава би била бројката, но тоа мора да се поткрепи, и како што рече, „сега во моменот анализираме, знаеме отприлика каква би била бројката, но мора уште еднаш да се поткрепиме и да се потврдиме од што, бидејќи не е само да кажаме 0,3, 0,4 или 0,8 проценти, туку мора да знаеме од што“.

Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0, 2, 0,3 или 0,4 проценти.

Македонска инфоормативна агенција – МИА 

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top