Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со голема тага се простуваме со голем професионалец на Царинската управа

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека починал помошник директор на Царинската управа, Марјан Тасевски. Го опишува како скромен и посветен.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека починал помошник директор на Царинската управа, Марјан Тасевски. Го опишува како скромен и посветен.

„Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан – смирен, скромен и посветен, кој секогаш работеше со срце и знаење. Неговото ненадејно заминување е голема загуба и за институцијата и за сите нас кои го познававме. Пред една недела посветено до доцна во ноќта работеше на последните измени на Уредбата за спроведување на царинскиот закон. Но не само последните измени. Со месеци работевме заедно. Ќе го паметам како тивок човек кој имаше свој став и не отстапуваше. Како што тивко влегуваше во мојот кабинет, така тивко и не напушти. И покрај олујата која беснеела во него не слушнавме ни оф да каже. Нека ти е светол патот драг Марјан. Криво ми е што не успеав да ти кажам колку многу ти верував и колку многу ми значеше што имав во својот тим таков човек како тебе, полн со знаење, искуство и пред се став и достоинство“, пишува министерката. 

Таа изрази сочувство до неговото семејство.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top