Македонија

Димитров до Бугарија: Тажна ви е стратегијата, односите меѓу двете земји никогаш полоши

Ексминистерот на форумот „Делфи“ одговори на провокацијата дека Македонија „мора да го голтне компромисот од 2022 година“

Во реакција на бугарска провокација за време на форумот „Делфи“ во Грција, поранешниот министер за надворешни работи упати критики кон Софија за политиката кон Македонија што ги донела односите меѓу двете земји на најниско ниво некогаш, правејќи од Бугарија најголем непријател според анкетите.

На констатацијата од Бугарин во публиката дека Македонија сега нема друг избор освен да си го „голтне“ компромисот од 2022 година, Димитров реплицира: „Нема компромис, има пакет којшто не донесе решение. Компромис е решение кое двете земји ќе ги направи несреќни, кога едната страна е еуфорична и слави тоа не е компромис. Овде компромис нема. Прашањето не е решено. Бугарија на сите анкети кај нас е најголем непријател. Дали навистина тоа го сакате? Знаете што рекол Черчил – колку и да мислите дека ви е добра стратегијата, не е лошо одвреме – навреме да си ги погледнете резултатите. А резултатите од вашата стратегија се тажни – најлоши односи меѓу двете земји што некогаш сме ги имале“.

Репликата од Димитров ја испровоцира реакцијата од бугарскиот претставник на критиките за грчката влада од деканката на Факултетот за меѓународни студии, комуникација и култура на Универзитетот „Пантеон“ во Атина, Марилена Копа: „Ние мораме да ѝ помогнеме на Северна Македонија, не смееме да бидеме само набљудувачи, Грција треба да се вклучи како медијатор во надминување на проблемот со Бугарија“.

На панелот посветен на прашањето дали Европа може да испорача безбедност во своето источно соседство Димитров истакна дека Македонија е ветеран-кандидатка за членство и оти од нејзиниот пример најдобро се гледа како процесот на проширување не функционира.

„Има сериозна дупка со кредибилитетот во процесот. Ние сме земја-кандидат од 2005, а денес не сме поблиску од што сме биле тогаш. Процесот е маргинализиран по влезот на Хрватска, а сега е вратен на дневен ред поради Украина, оти е дел од безбедносниот контекст. Очигледно е дека на Европа ѝ треба Украина за безбедноста, Украина исто така разви и воени капацитети во последниве години што ѝ требаат на Европа и многу е важно да се испорача европската иднина на Украина и Молдавија. Но, дали тоа ќе се случи е прашање. Очекувања има, ама тоа не е доволно. Ние можеме да го искористиме нивниот ентузијазам, а тие треба да го искористат нашето искуство во менаџирање на очекувањата“, додаде бившиот вицепремиер за европски прашања и потписник на Преспанскиот договор, кој требаше да ја откочи македонската евроинтеграција, но веднаш следуваше бугарско вето.

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Бугарија го „киднапира“ македонскиот цар Самоил, за да ги пополни „дупките“ во идентитетот на Бугарите и на својата средновековна државност!

Пропагандниот циркус на 3 октомври 2026 година кога македонската, европската и светската јавност гледаа во Софија масовни сцени со пренесувањето на „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во саканата татковина Бугарија“, на 6 октомври веќе задобива нови димензии: денешното поклонение пред наводните посмртни останки на средновековниот владетел претставува забрзување и кревање на највисоко рамниште на градењето на националниот идентитет и на историјата на Бугарите. Ова е длабоко и добро осмислена операција на идентитетски, историски и национален инженеринг, заснован врз масовно присвојување на идентитетски елементи на македонскиот народ и автентичната македонска историја. Градење преку крадење – од македонскиот за бугарскиот идентитет!

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

To top