Македонија

До Средно Водно со нова жичница

Наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно

 

Во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и за модернизација на жичницата на Водно, изјави директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно.

Како што посочи, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.

„Доколку сакате да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за разлика од претходната локација, каде реално нема каде да паркирате возило, и треба да одите пеш“, вели Томовски во гостување на ТВ Алфа.

Тој најави дека во текот на утрешниот ден треба да се одржи состанок со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top