Македонија

Додека Орбан владее во Унгарија, а ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, нема подобрување на односите, уверен е Џамбаски

Бившиот бугарски европратеник за кршењето на стакло на бугарската амбасада во Скопје по „милионити“ пат удри по соседот

Ангел Џамбаски, бугарски европратеник од 2014 до 2024 година, не пропушти да ја нападне Македонија по скршеното стакло на влезната врата од Амбасадата на Бугарија во Скопје.

„Додека Орбан е на власт во Унгарија, а ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија, нема да има подобрување во нашите односи. Го очекувам токму спротивното – повеќе провокации и ескалација на тензиите. Подобрувањето на односите меѓу Скопјe и Софија оди само преку демонтирање на оваа антибугарска, прокремљска и србоманска власт, но тоа нема да се случи без паѓање на владата во Унгарија“, изјави Џамбаски за бугарскиот портал „Таралеж“.

„Во Република Северна Македонија постои јасно изразен антибугаризам, генериран од властите таму. Владетелите таму се обидуваат да одржуваат крајно хистерична тензија против сите манифестации на бугарската национална свест. Во Северна Македонија има најмалку 230.000 луѓе кои добиле бугарско државјанство“, додава вториот човек на вонпарламентарната партија ВМРО-БНД.

„Кога вредните згради – културни споменици во Пловдив – требаше да бидат уништени, некој скитник ќе ги запалеше. Сега, братучедот на овој скитник отиде и ја скрши вратата на нашата амбасада – повторно некое лице кое беше искористено за да ја изврши оваа провокација“, коментира Џамбаски.

Тој е категоричен дека Бугарија мора да има конзистентна политика кон Македонија, „а не таа да зависи од тоа кој е на власт, а силните личности во бугарската политика да се плашат да ги заштитат бугарските интереси во Македонија и да не ги налутат Меркел, Мерц, Макрон или кој било друг европски лидер“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top