Македонија

Додека САД трупаат резерви на бакар, Македонија „го складира“ под земја

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп планира повеќе „историски договори“ со американскиот рударски сектор за да го зголеми производството на критични минерали наменети за националниот одбранбен и високотехнолошки сектор, тврдат високи функционери. Во текот на годинава, американските власти финансиски веќе ги помогнаа MP Materials (MP.N), Lithium Americas и Trilogy Metals (TMQ.TO), како дел од напорите на Трамп да го зголеми домашното производство на литиумот, ретките земни метали и други критични минерали што се користат во одбраната. Неговата намера е да се намали зависноста од Кина, која ги користеше своите минерални ресурси како предност во трговските преговори.

  • Она што сакаме да го видиме е САД да не се потпираат на ниту еден противник или на кој било друг странски субјект, дека ние самите ја контролираме нашата судбина кога станува збор за нашиот синџир на снабдување и нашите критични минерали – изјави Џарод Аген, извршен директор на Националниот совет за енергетика во Белата куќа.

Според него, во првата година од мандатот на Трамп патот е поплочен за уште поголеми инвестиции во рударскиот сектор.

  • Во текот на мандатот на оваа администрација ќе видите историски договори кога станува збор за критичните минерали, историски партнерства со приватниот сектор, а потоа и вистинска ревитализација на рударството во оваа земја – истакна Аген на конференцијата за критични минерали организирана од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Како што пишува Ројтерс, Аген, кој претходно имал висока позиција во компанијата за одбранбена опрема „Локхид Мартин“, вели дека Трамп има цел што поскоро да започнат со работа рударските проекти во Аљаска и во Аризона, каде се градат некои од најголемите рудници за бакар во светот. Бакарот се најде на листата на критични минерали на САД, а претседателот Трамп одлучи да го забрани неговиот извоз и да ги зголемува резервите. Оваа негова одлука сега значително влијае на цената на бакарот на светско ниво.

Бакарот на Лондонската берза на метали достигна рекордно високо ниво од 11.952 долари во петокот поради загриженоста за слабото снабдување, но и од растот на употребата на вештачката интелигенција. Како што пишува „Бизнис инсајдер“ цените на бакарот повторно експлодирале на рекордно високо ниво, не затоа што светот снемува од металот, туку делумно затоа што САД собираат толку многу резерви што сите останати се борат за она што останало. Од почетокот на годинава, бакарот поскапел за скоро 35%.

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

Од друга страна, Македонија не може да се пофали дека фатила темпо со светските трендови. Според истражувања на геолозите Македонија поседува големи количества на бакар, а тоа се потврдува и во предлог текстот на Стратегијата за минерални суровини која ја изготви МАНУ. Сепак, нереализирани останаа повеќе инвестиции, меѓу кои и на Кожуф и во Казандол. Засега единствена инвестиција во рудник за бакар е во Иловица, иако компанијата инвеститор во минатото се пожали на правна несигурност.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

To top