Македонија

Доделени признанијата на 4. Меѓународен фестивал „Јаков од Камена Река“

Годинашни лауреати „Македонисимо“, Чоревски, Калоѓера, професорите Стојков, Митревски, Пановска, групата „Копачка“…

Во Македонска Каменица синоќа беа врачени наградите на годинашните лауреати на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“, кој по четврти пат го чествуваше првиот македонски печатар.

Лауреати годинава се проектот „Македонисимо“, за промоција на македонската музичка култура во светот, проф. д-р Боце Митревски за високи дострели во науката, д-р Сања Пановска за високи дострели во науката како млад научник, проф.д-р Горан Калоѓера за промоција на македонскиот јазик, литература и култура, Тошо Филиповски за публицистика и промоција на македонската современа музика, Константин Качев за промоција на македонската визуелна уметност во светот, проф. д-р Стојко Стојков за придонес за истражување на македонската историја, актерот Благоја Чоревски, доајен на македонското глумиште, групата „Копачка“, промотор на македонската фолклорна традиција во светот, Роберт Јанкуловски за македонската уметничка промоција во светот, како и „Металотехника-Прилеп“ за иновации и „Макпрогрес“ од Виница за помош при организација на фестивалот.

Со признанијата фестивалот има цел да ги поддржи македонските автори од сите области на образованието, културата и науката и да ја поттикне љубовта кон македонскиот јазик и кириличното писмо, идентитет, културното и фолклорно богатство и традиција.

Патрон на фестивалот е Јаков од Камена Река (денешна Македонска Каменица), кој во 1566 година, само еден век откако Гутенберг ја измислил печатарската машина, заминал во Венеција, кадешто ја закупил (или купил) и возобновил печатницата на Божидар Вуковиќ и во неа отпечатил Часослов на црковнословенски јазик во истата година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top