Македонија

Договор за нови можности меѓу Македонија и Словачка, во фокус енергетика, ИКТ и здравство

Економската соработка меѓу Македонија и Словачка добива на динамика. Во Скопје, на Бизнис форум што ги обедини институциите и деловната заедница од двете земји, беше испратена јасна порака дека партнерството не треба да остане само на декларативно ниво, туку да прерасне во конкретни проекти, инвестиции и зголемена трговска размена.

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги разгледуваат можностите за интензивирање на деловните партнерства и за размена на искуства и експертизи, а денеска, во рамки на Бизнис форумот во Скопје, потпишаа и Меморандум за разбирање. Како што беше речено на Форумот, има голем потенцијал што треба да се искористи, а енергетиката, ИКТ, автомобилската инсутрија, здравството и туризмот се само некои од секторите во кои може да се зголеми соработката.

  • Веќе имаме одредена трговска размена во автомобилската индустрија и кај одредени хемиски производи, но сметаме дека во енергетиката, ИКТ и во автомобилската инсутрија има нови потенцијали. Сакаме да видиме и кои се извозните капацитети и на едната и на другата страна зашто ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции, туку и на зголемување на извозните потенцијали, посебно кај индустрии со висока додадена вредност, како македонското вино кое силно го промовираме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Форумот.

Тој информира дека државата подолг период работела на договарање делегација од Словачка да дојде во земјава, заедно со претставници од деловната заедница кои ќе можат да остварат директен контакт со македонските компании и стопански комори.

Според министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, претприемачите се движечка сила на економскиот раст, носители на иновации и мост меѓу државите, луѓе со визија, храброст, и желба за соработка и постигнување резултати. Како што напомена Каменицки, денешниот Форум е платформа на која се среќаваат идеи, искуства и иновации.

  • Ова е сигнал дека сите имаме желба за интензивирање на соработката и засилување на досегашното партнерство. Ги охрабрувам сите учесници да ја искористат платформата за размена на идеи и идна соработка. Верувам дека денесака почнуваме успешна приказна преку заедничка поддршка, помош и соработка, потенцира министерот.

Како потенцијални сфери за соработка тој ги спомна ИКТ индустријата, инфраструктурата, енергетиката, здравството, туризмот и земјоделството. Тука, рече, Словачка може да понуди експертиза, посебно во делот на новите технологии и автоматизираните процеси за производство за остварување поголемата додадена вредност и продуктвиност, како и минимизирање на отпадот. Сензорни мониторинзи, менаџмент и автоматизација на процесите, се само сегмент од словачката поддршка што може да ја добие Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Охридскиот аеродром ќе биде готов до крајот на летото, како ќе изгледа?!

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото.

Клековски: Утре ќе биде завршена микробиолошката анализа за Гостивар, граѓаните да се внимателни при високи температури

Институтот за јавно здравје ја водеше истрагата со земање на три примероци од вода за пиење и еден површински. Тешки метали, нема а микробиопошката анализа ќе биде завршена утре. 

Што навистина ја предизвика состојбата на над 1.200 заболени во Гостивар?!

Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост кај жителите, откако повеќе од 1.200 лица, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош поради стомачни тегоби и симптоми на труење.

Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар по масовното труење со загадена вода

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Семејството на Тоше Проески се дистанцира од најавениот концерт во Сплит

Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше. Организаторите немаат службена дозвола од нас за негово одржување, а ние сме единствените носители на правата – се вели во објавата.

To top