Македонија

Доктор Даниловски предупредува на нова варијанта на грип

Епидемиологот предупредува на нова варијанта на грипот A/H3N2 – Subclade 2 и објаснува што значи тоа

„Секоја зима, респираторните вируси, особено грипот, SARS-CoV-2 и RSV, вршат огромен притисок врз здравствените системи низ Европа. Во една типична сезона, грипот предизвикува до 50 милиони симптоматски случаи и од 15.000 до 70.000 смртни случаи годишно.
Засегнати се сите возрасни групи, иако децата имаат највисоки стапки на инфекција и честопати се првите што ја фаќаат болеста и ја шират во своите семејства. Се проценува дека до 20% од населението заболува од грип секоја година“, објави д-р Драган Даниловски..
Вели дка симптомите се добро познати: Висока температура, кашлица, болки во мускулите и коските, замор, главоболка, воспалено грло, поретко дијареја и/или болки во стомакот, мачнина и повраќање (пред сѐ, кај деца).
Кај деца и постари лица може да се јават и компликации — пневмонија, отежнато дишење, влошување на хронични состојби. Секој алармантен симптом треба да биде причина за јавување кај лекар, препорачува д-р Даниловски во објава на Фејсбук.

Во објавата епидемиологот додава дека оваа сезона на грипот на северната хемисфера започна неколку недели порано отколку во претходните години. Јапонија, на пример, бележи невообичаено голем број случаи уште од октомври.

„Во Европската Унија грипот се појави, исто така, невообичаено рано. Во Шпанија, на пример, епидемискиот праг веќе е надминат неколку недели порано од очекувањата.

Во Македонија бројот на заболувања слични на грип сѐ уште е во рамките на вонсезонска активност. Иако се регистрирани првите случаи на грип (поттип A/H1N1), активноста сè уште е на спорадично ниво“.

 

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top