Македонија

Драматичен финиш: ШК Алкалоид повторно Шампион, ШК Мулти Есенс непоразен до второто место!

Во трилер-завршница, која ги изненади и најголемите оптимисти, ШК Алкалоид во последното седмо коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3 : 3 успеа да стигне до својата 27. титула, сметано од 1992 година до денес, при што тринаесетта во низа. Ждрепката сакаше најтрофејниот шаховски колектив на Македонија токму на крајот да игра […]

Во трилер-завршница, која ги изненади и најголемите оптимисти, ШК Алкалоид во последното седмо коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3 : 3 успеа да стигне до својата 27. титула, сметано од 1992 година до денес, при што тринаесетта во низа.

Ждрепката сакаше најтрофејниот шаховски колектив на Македонија токму на крајот да игра со младите играчи кои потекнуваат од школата на Алкалоид, но мечот се претвори во можност за сензација, па само сталоженоста и квалитетот на играње под висок притисок им помогна на сениорите да успеат да се вратат во игра, откако резултатот беше 3 : 1 за ШК Мулти Есенс.

Изненадувањето во мечот започна со триумфот на Кирил Николовски на шестата табла, кој го казни грубиот превид на ВМ Звонко Станојоски, по што следуваше и триумфот на втората табла, каде што ВМ Лука Дршаковиќ го надигра ВМ Велимир Ивиќ. Ремито на првата табла, ВМ Александар Инѓиќ против ВМ Леон Ливајиќ, не беше изненадување, но затоа на четвртата табла ИМ Емил Ристески се намачи за да дојде до реми со Стојан Велкоски. Во финишот ИМ Филип Панчевски го совлада Михаил Јорданов на третата табла, а ИМ Тони Лазов блесна во завршницата за да го израмни резултатот во мечот со победа над Матео Ефтовски. Тоа донесе апсолутен триумф за овие два клуба на конечната табела од Шампионатот! ШК Алкалоид е прв со 13 бода (6 победи и еден нерешен меч), а ШК Мулти Есенс е втор со 12 бода (5 победи и два нерешени меча). И двете екипи останаа непоразени на Шампионатот.

– Со години наназад друг клуб беше наш ривал во борбата за првото место, па откако беше обезбедена таа победа во 4. коло, надвладеа оптимизмот дека работата е завршена. Во меѓувреме младинците од ШК Мулти Есенс играа сѐ подобро од меч во меч и стекнаа голема самодоверба. Тие имаа сѐ што ѝ е потребно на една екипа за успех и навистина ја направија борбата за титулата драматична. Уште еднаш се покажа дека титулите и рејтингот не играат сами, туку победите ги носат играчите кои ќе останат смирени и фокусирани во текот на целата партија и нема да направат грешки. Оваа титула на ШК Алкалоид се должи само на искуството на играчите, кои подобро се снајдоа во последните минути од мечот, додека за ШК Мулти Есенс ова второ место сигурен сум дека има вредност како да се први, бидејќи лани влегоа во елитното друштво и оваа година имаа цел да изборат опстанок, а се случи сензација – изјави ВМ Драган Јаќимовиќ, капитен на ШК Алкалоид.

За шампионскиот тим на Алкалоид, покрај интернационалците ВМ Александар Инѓиќ (актуелен Европски Шампион) и ВМ Велимир Ивиќ на првите две табли, настапија уште и ИМ Филип Панчевски, ИМ Емил Ристески, ИМ Тони Лазов и „велемајсторската гарда“ составена од ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојоски и ВМ Драгољуб Јаќимовиќ.

Целосната доминација на ШК Алкалоид на овогодинешните шампионати е комплетирана, со оглед дека претходно женскиот тим на ШК Алкалоид ја освои титулата кај дамите, каде што ИМ Лела Јавакишвили и ВМ Бела Котенашвили играа заедно со ЖИМ Габриела Коскоска, ЖФМ Моника Стојковска, ЖФМ Моника Жежовска и Леа Ефтовска.

Во освојувањето на второто место кај ШК Мулти Есенс учествуваа ВМ Леон Ливајиќ и ВМ Лука Драшковиќ, заедно со Михаил Јорданов, Теодор Јовановски, Стојан Велкоски, Матео Ефтовски, Кирил Николовски и Дино Табаковски. Сите момчиња кои денес се на возраст од дваесетина години од најрана возраст ја учат шаховската игра во јуниорската шаховска школа на Алкалоид!

Следен предизвик за ШК Алкалоид ќе биде новиот настап на Европскиот клупски куп, кој е на програмата од 18 до 26 октомври во Грција.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top