Македонија

Нема Новогодишна кошница – таквите мерки имале само привремен ефект, велат од Влада

Државниот пазарен инспекторат повторно ќе излезе на терен заедно со Комисијата на заштита на конкурентност, уште еднаш да направат детална инспекција на маркетите и да се констатира нивното однесување. Сепак, тоа не значи и дека Владата ќе воведе мерки за заштита на потрошувачите.

Граѓаните не треба да очекуваат било каква интервенција на пазарот во очи на Новогодишните и Божикните празници и покрај тоа што инфлацијата мерена на годишно ниво останува релативно висока, а на месечно ниво покажува знаци на забрзување. Според нивото на порастот на трошоците за живот со кои се мери инфлацијата, нашата земја и натаму е двојно над европскиот просек, а слично е ако се споредиме и со состојбите во земјите во регионот, каде што е во горниот дел на табелата. Сепак, Владата смета дека било какви интервенции со ограничување  на цените на основните производи или пак на маржите, не би дала траен ефект и цените веќе во наредните месеци по завршување на интервенцијата, ќе се нивелираат, или ќе бидат дури и повисоки. Ваквиот пристап, го потврди и премиерот Христијан Мицкоски.

  • „Тоа го покажа искуството. Можеби тој месец ќе има поевтина цена на артиклите, но трговцитѕе тоа го пренесуваат во наредните месеци и на крај нето цената што ја плаќаат граѓаните е повисока. Таква е анализата која што ја направивме и која што е резултат на овие кошнички. И не само тука, туку и сите земји кои што ја примениле таа анализа дошле до тој заклучок“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека она што е важно да се направи, е надлежните институции да излезат на терен, што и се прави. Според него, инфлацијата на крајот на годинава ќе биде во рамките на предвидените 4 проценти, а следната година ќе биде меѓу два и три проценти.

Инаку, според последните податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата во ноември годинава, во однос на истиот месец лани, изнесуваше 4 отсто. Тоа е за 0,5 проценти поени помалку од претходниот месец (октомври) кога изнесуваше 4,5 отсто, што според тогашните објаснувања, се должеше на ниската споредбена основа, односно октомври минатата година кога беа применети мерки за ограничување на трговските маржи.

Сепак, и покрај намалувањето на годишната инфлација во ноември, загржува податокот дека кај храната и безалкохолните пијалаци таа изнесуваше 5,4 отсто. Најголем пораст имаше кај свежото овошје, месото, маслата и мастите, додека најизразено поскапување се бележи кај кафето, чајот и какаото – производи чија цена директно зависи од светските берзи, покажаа податоците на ДЗС. Исто така, на месечно ниво имаше пораст од 0,5 отсто, со што беше прекинат трендот на месечно намалување од претходните два месеци.

  • „Овој месец базната инфлација е малку поголема од претходниот месец–два и тоа претежно се должи во делот на овошјето, а делумно и кај зњеленчукот и тоа го анализираме“, вели Мицкоски, додавајќи дека ќе испитаат зошто е тоа така, претежно кај берзанските артикли, шекерот и слично, а инспекциите ќе продолжат ревносно да ја вршат својата работа.

Тој посочи дека Државниот пазарен инспекторат повторно ќе излезе на терен заедно со Комисијата на заштита на конкурентност, уште еднаш да направат детална инспекција на маркетите и да се констатира нивното однесување. Сепак, тоа не значи и дека Владата ќе воведе мерки за заштита на потрошувачите.

Неодамна, КЗК казни симбиолично неколку синџири маркети за „картелско здружување“. Мицкоски денеска изјави дека отприлика имаат лоцирано кои биле тие кои што организираат „ваков тип на однесување“, како и дека првичната казна била предупредувачка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top