Македонија

Државен завод за ревизија детектираше серија незаконитости во работата на Државното правобранителство

Државниот завод за ревизија детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата при ревизијата на финанссиките извештаи на Државното правобранителство на Република Македонија, меѓу кои е лоцирана: -неусогласеност на материјалната и финансиската евиденција во делот на набавната вредност и исправката на вредност на опремата; -несоодветно евидентирање на долгорочни средства чија набавна вредност е поголема од […]

Државниот завод за ревизија детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата при ревизијата на финанссиките извештаи на Државното правобранителство на Република Македонија, меѓу кои е лоцирана:

-неусогласеност на материјалната и финансиската евиденција во делот на набавната вредност и исправката на вредност на опремата;
-несоодветно евидентирање на долгорочни средства чија набавна вредност е поголема од на подмирување на заеднички трошоци за греење;
– ангажирање на лица по договор на дело за работни места и задачи предвидени со актот за систематизација;

– не е назначен одговорен сметководител;
– недвижниот имот во кој е сместено државното правобранителство за подрачје Тетово не е осигурен од пожари и други непогоди и
– недоследности во процесот на спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Детектирани се и следниве системски слабости:

-недефинирана постапка за оценување на квалитетот и ажурноста на работењето и спроведување на дисциплинска постапка за државните правобранители;
– регулирање на правото на надоместок за одвоен живот на државните правобранители за време на нивниот временски неограничен мандат и
– дефинирање на процесот на авансно плаќање и поврат на трошоците за постапки за извршување
– не е јасно прецизирано кој треба да остварува приходи по основ на награда на членови на одбор на доверители во стечајни постапки во кои Република Македонија
има побарувања, а истата е застапувана од страна на Државното правобранителство, се вели во штотуку објавениот извештај на Државниот завод за ревизија кој детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата на на Државното правобранителство.

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

To top