Македонија

Државниот завод за ревизија откри сериозни неправилности во Агенцијата за вработување

Над половина од средствата концентрирани во неколку градови

Агенцијата за вработување на Република Македонија во 2024 година, кога била под контрола на владата на СДСМ и ДУИ, исплатила 23,4 милиони евра за активните мерки за вработување, но без да обезбеди рамномерен регионален развој, покажува извештајот од ревизијата на Државниот завод за ревизија.

Ревизорите констатирале дека повеќе од половина од средствата за одделни мерки биле концентрирани во мал број центри за вработување. Така, 62,05% од мерката за самовработување, како и над 50% од мерките за субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти, биле реализирани само во Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип.

Кај субвенционирање на плати, дури 327 од 646 одобрени апликации (50,6%) доаѓаат од четири центри (Скопје, Струга, Тетово и Куманово). Кај вработување и раст на правни субјекти, 587 од 917 апликации (64,1%) се реализирани во пет центри.

Ревизијата утврдила и ниска ефикасност на мерките. За напредни ИТ-вештини исплатени се околу 1,4 милиони евра, но само 184 од 735 кандидати (25,03%) успешно го положиле завршниот испит.

Сериозни слабости се забележани и кај исплатата на парични надоместоци за невработеност, за што се потрошени речиси 21,5 милиони евра. Најголемиот дел од исплатите (67,91%) се однесуваат на престанок на работен однос на определено време. Ревизорите откриле случаи на договори склучени за само три дена, продолжување над законскиот максимум и повторно вработување кај истиот работодавач по користење на надоместокот.

„При ревизијата се констатирани случаи на договори за вработување на определено време склучени во траење од само три дена, договори продолжувани над законскиот максимум од пет години, како и повторно вработување кај истиот работодавач по користење на правото на паричен надоместок, што упатува на потреба од зајакнување на контролите при остварувањето на ова право“, се наведува во извештајот.

Ревизорите заклучуваат дека Агенцијата нема доволно јасни и прецизни правила за остварување на правото на паричен надоместок, што доведува до различно толкување и нееднакво постапување.

Дополнително, забележани се неправилности и во трошењето на средства за адвокатски услуги – од вкупно 93.295 евра, 77,46% се реализирани преку еден адвокат, дел од услугите без целосна документација и без јавна набавка.

Ревизијата повторно укажува дека Посебниот фонд за вработување на лица со инвалидност не ги добива сите средства што му следуваат според законот.

Извештајот на Државниот завод за ревизија укажува на потреба од значително зајакнување на контролните механизми, подобрување на мониторингот и обезбедување на правична регионална распределба на средствата наменети за вработување.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top