Македонија

ДС: Наместо како членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх!

Со таквата еуфорија и со упатените навреди кон македонската Влада, официјалните личности од Софија само ги демонстрираат своите вековни фрустрации и неуспешни обиди за бугаризација на Македонија и на Македонците

 

Демократскиот сојуз го осудува триумфалистичкото однесување на бугарската Влада по бришењето на одредниците за македонскиот јазик и идентитетот од Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија.

Бришењето на македонскиот јазик и идентитетот од Извештајот во Европскиот парламент конечно ја убеди цела Европа дека намерата на официјална Софија не се никакви човекови права за Бугарите во Македонија, туку процесот на европска интеграција на нашата држава да се искористи за „конечна пресметка со македонизмот“, односно за уништување на вековниот, историски континуитет на македонскиот народ и неговите етнички и јазични обележја, се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.

Премиерот на Бугарија, Росен Желјасков, по самиот на НАТО во Хаг, потсетувајќи дека јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза, меѓу другото ќе изјави: „Ќе си дозволам една аналогија – целта на нашите пријатели од Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ…“

За жал, бугарската Влада, во однос на евроинтеграцискиот процес на Македонија, не само што не се однесува како влада на земја членка на ЕУ, туку со отвореното негирање на македонскиот идентитет и јазик, парадира во Брисел како сојузник на Третиот рајх!- велат од ДС.

Бугарија изгуби три војни за Македонија, а главната причина за тоа се обидите за територијална и етничка асимилација на македонското население како бугарско.  Официјална Софија сe уште се надева дека ќе ја добие „четвртата војна“ и ќе ги оствари санстефанските соништа преку уцени во преговарачкиот процес за членство на Македонија во ЕУ.

Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии на национално обединување за да се упати јасна порака до Софија и Брисел дека никакви идентитетски и историски отстапки од Македонија нема да има.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top