Македонија

ДУИ сонува дека „по октомври ќе се врати како раководен чинител“ и тогаш „ќе го реализирала патот Скопје-Блаце, кој сега го блокираат Владата и Вреди“!

Заради предизборна пропаганда ДУИ без аргументи тврди дека „Владата и Вреди систематски го блокираат и го саботираат автопатот Скопјe-Блаце, како проект од стратегиско значење за Албанците и за врските со Република Косово“!

„Албаноговорните вазали на ВМРО-ДПМНЕ и денес продолжија со манипулацијата со јавното мислење. Овој пат станува збор за автопатот Скопјe-Блаце, проект од стратегиско значење за Албанците и за врските со Република Косово.“ – наведува Демократската унија за интеграција во своето соопштение, кое го пренесува ТВ Шења.

Натаму телевизијата пренесува: Од ДУИ се револтирани, поради објавата на Вреди дека „Јавното претпријатие ‘Државни патишта’ ги отвори постапките за јавна набавка за подготвителната фаза на конечниот проект за изградба на овој пат“.

„Иако се завршени повеќе од два километри од оваа оска, проектот намерно се одложува и се одбива да се пушти во употреба. Првично Владата наводно најави техничка ревизија, а денес изјавуваат дека ја започнуваат постапката за јавна набавка од нула – јасен сценарио за блокирање на отворањето на автопатот. Целта на оваа Влада е јасна: систематска саботажа на секој животно важен проект, што има врска со Албанците, обидувајќи се да ги откаже инвестициите, кои ги иницираше ДУИ за време на претходната влада. Во исто време, Вреди наместо да ги штити албанските интереси, несомнено ги спроведува политичките наредби на ВМРО ДПМНЕ и прифаќа секоја одлука со противалбанска заднина.“ – се наведува во реакцијата на ДУИ.

ДУИ додава дека по октомври, кога „ќе се врати како раководен чинител“, ќе му даде приоритет на завршувањето на започнатите проекти, кои во моментов ги блокираат „новата влада и нејзините албаноговорни сојузници“. „Автопатот Скопјe-Блаце ќе стане реалност – не поради инает кон некого, туку заради нашата евроатлантска иднина и почитта, што ја заслужуваат Албанците во оваа држава.“ – наведува ДУИ во своето соопштение, кое го пренесе ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС ги злоупотребила службите за безбедност и разузнавање да го следат и прислушуваат Мицкоски со знаење на Коцевски

Злоупотребата на државните институции за партиски и политички цели е познат начин на делување на СДС, кој тие редовно го применуваат

Меџити: Затворивме важна тема, која ДУИ не ја реши 20 години

Вицепремиерот и кандидат од Вреди за градоначалник на Чаир Изет Меџити им се обрати на градоначалниците на општините, кои доаѓаат од ДУИ, со апел да не ги кочат проектите, што ги започна Вреди како дел од Владата.

Симболот на неправдата нанесена од Заев и СДСМ кон стотици Македонци, тргна во второ одделение

Петар е само едно од децата кои што привремено останаа без мајка или татко затоа што владата на Заев со страховладеење и монтирани судски процеси подготвуваше терен за промена на името и потпишување на договорот со Бугарија

To top