Македонија

Дурловски со прекрасна изведба на песната „Црно му било пишано на Александар Турунџе“ (ВИДЕО)

Големиот уметник во чест на големиот херој

По повод 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев, оперскиот пејач Игор Дурловски лани, на овој ден, го промовира видеото со својата изведба на песната „Црно му било пишано на Александар Турунџе“.

Дурловски песната ја изведува во пијано придружба и аранжман на Николче Мицевски, а продукцијата е на XL Studio Momiroski, додека видеото е на Николај Грнчаров.

– Изведбава е омаж и благодарност кон подвигот што останува вечен симбол за Битола и Македонија. Ова е песна што не потсетува дека хероите живеат во нашата музичка меморија – напиша на својот профил на Фејсбук Дурловски.

Во чест на Турунџев, минатата година во организација на Општина Битола, во 19:30 часот од ОУ „Ѓорѓи Сугарев” каде бил затворен, тргна поворката во негова чест која се движеше преку плоштадот Магнолија, крај реката Драгор, Ат Пазар до местото каде лани беше поставен споменикот. Таму во очи на откривањето на споменикот дурловски премиерно ја изведе „Црно му било пишано”.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top