Македонија

Дузина уапсени синоќа, кај нив пронајдена дрога

Министерство за внатрешни работи

На 04/05.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(37), Ј.Е.(29), В.Н.(23) и А.П.Ч.(41), сите од Скопје, како и Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и грутчеста материја и марихуана.

На 04.07.2026 во 19:45 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Н..(43) од Струга, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

На 04.07.2026 во 20:30 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Ј.(30) од Скопје. При преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. била пронајден марихуана, а додека при преглед кај С.Ј. била пронајдена грутчеста материја.

На 05.07.2026 во 00:30 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.М..(29) од село Раброво, валандовско. При преглед кај него била пронајдена бела грутчеста материја.

На 04.07.2026 во 22:20 часот, на ул.„Трајче Магловски” во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Г.Ш.(33) и Н.Ш.(30), двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај Г.Ш. била пронајдена марихуана.

На 04.07.2026 во 20:45 часот во с. Долно Дупени, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода А.Ј.(39) од с. Долно Дупени и В.Т. (25) од Скопје. При преглед на патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., а во кое сопатник бил В.Т., била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

To top