Македонија

Две години затвор за Лидија Димова – екс директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

И ,,пресудија” магарињата во скапите проекти

Нестручно и несовесно работела во корист на други – 2 години затвор пресуди скопскиот кривичен суд за Лидија Димова како екс директорка на Националната агенција за европски образовни прогерами и мобилност. Ја злоупотребила службената положба и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата на институцијата со која раководеше.

Обвиниението за Димова за кривичното дело измама не помина во судот. Не помина ниту обвинението за благајничката  Ана Павлиду.

Во делот на измама на штета на европски фондови не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е јасно наведено на кој начин, дали и како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи недостига основ на делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистините податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Судот во тој дел беше должен да донесе ослободителна пресуда, рече судијката.

Магарињата се воскреснаа во последните две недели вели пак Димова за која оваа пресуда била полтички договор.

„Постојано повторуваше судијката дека парите кои што се искористени за она што ме обвинуваат доаѓаат од оперативниот фонд на ЕУ. Значи тоа се европски пари за кои што ме ослободиле дека не сум ги злоупотребила. Меѓутоа не сум многу изненадена затоа што во последните две три недели ги воскреснаа магарињата што се третирани и мислам дека ова е уште една политичка игра со таа несреќа што во овој случај и двете страни имаат корист јас да бидам осудена“ рече Димова.

Според Обвинителството била направена штета од околу 320 000 евра со  неправилности и злоупотреби. Биле склучувани договори со соработници, експерти и обучувачи без јавен оглас и без еднаквост и јавност во постапките, како и потпишување договори со четири фирми спротивно на водичот на Европската комисија и планот за јавни набавки, пишува во обвинителниот акт. Дел од обвинението се однесуваше  и на исплата на пари на соработник за службени патувања иако во документацијата имало лажни податоци. Пресудат не е правосилна. Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top