Македонија

Движењето ЗНАМ ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата.

– Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. Платформата им овозможува на граѓаните да поставуваат прашања, да добиваат прецизни и навремени одговори, како и да се информираат за сите проекти, програми и визии на кандидатите – истакна Маја Рисова Мутлулар, член на Централниот Одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

Рисова Мутлулар рече дека оваа иницијатива е дел од пошироката визија на Движењето за модерна, транспарентна и одговорна Македонија – држава која чекори напред со знаење, иновации и отвореност кон граѓаните.

– Денеска не промовираме само дигитален производ – промовираме нов начин на водење политика. Политика што слуша, што одговара, што не се крие зад изговори, туку стои зад вистината. „ZnamGPT“ претставува чекор кон нова политичка култура – култура во која секој може да праша, секој добива одговор и секој знае што се случува во неговата општина.

Преку оваа алатка, граѓаните ќе имаат пристап до информациите за локални проекти и планови, податоците за инфраструктура, урбанизам и јавни услуги, како и за визијата на кандидатите за одржлив и современ развој на градовите – рече претставничката на ЗНАМ.

Платформата е достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината, и може да се користи од секое место преку линкот www.znamgpt.mk

Најнови вести од: Македонија

Опаѓа бројот на нови случаи на Западнонилска треска, двајца се критични

Најголем број хоспитализации бил забележан на 12 август, кога на болничко лекување биле 24 пациенти. Според податоците, мажите заболуваат 3,7 пати почесто од жените, а сите досегашни смртни случаи се кај мажи.

(Видео): Воспоставена контрола над пожарот кај штипско Селце, спасени викендиците

Повторно е воспоставена контролата врз големиот пожар кај штипското село Селце, кој во текот на денот повторно се разгорел и се приближил до повеќе викендички, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

To top