Македонија

Една емисија, две Македонии: Живеат ли во иста држава Илиевски и Бишевац со Наумов и Николоски?

Паралелна реалност во Македонија

Емисијата од завчера „Само Вистини“ со Александар Видиновски на Канал 5 во преден план исфрли „две Македонии“, различни реалности во кои како да живеат Богдан Илиевски и Сафет Бишевац од една страна и Столе Наумов и Љубиша Николовски од друга страна.

Во дебатата на актуелните теми централно место зазеде проблемот на македонските евро-интеграции и пречката наречена бугарска блокада, за која едните тврдеа дека е македонска победа и треба веднаш да се промени уставот за економски просперитет, а другите дека е понижувачка состојба и дека борбата на владата е за почит.

Дебатата на моменти имаше жестоки судири во кои се зборуваше за предавства, бугарски пасоши и бугарска пропаганда во Македонија, но и многу повеќе.

Целата дебата може да ја проследите на двата линкови:

ДЕЛ 1

ДЕЛ 2

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top