Македонија

Економски извештај за парите на судијата Ристов, прочитан и именикот од телефонот

Телефонски именик полн со обвинети имиња, го има и Вице Заев

Вице Заев, Пуцко Петрол , Боки 13-ка, Фросина Ременски, Љупчо Пецов Ѓаволот, Фехми Стафа, , Енвер Беџети – телефонскиот именик на екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов бил богат со имиња на моќни и влијателни луѓе, но и с обвинети за кои се водат судски просеци. Обвинителството освен зачуваните мобилни контакти, прочита и пораки на Ристов кој беше уапсен по пронајдени 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители. Тој се распрашувал и за постапки кои биле кај разрешениот судија од црната листа, Енвер Беџети.

„Поврзано со коруптивни практики и дејствија, како предикативни елементи на перењето е едно од делата за кои се гони обвинетиот. Во таа смисла беа презентирани овие докази кои упатуваат на контакти и комуникации, кои по наша оценка се недозволени“, изјави Искра Хаџивасилева, обвинител во ОЈО ГОКК.

На рочиштето беше презентирано и економско вештачење, со кое обвинителката тврди дeка платите кои ги примале Ристов и неговата сопруга не ги оправдале заѕиданите 350 илјади евра.

„Обвинетиот и сопругата особено, како и останатитеимаат приливи од извори кои се обезбедени низ документите кои единствено постојат и не одговараат и не го оправдуваат износот за кој се гони обивнетиот.“, Искра Хаџивасилева– Обвинител во ОЈО ГОКК.

Според бранителот на Ристов, само 570.000 евра на Ристови не се објаснети, но нивниот вештак ќе го прикаже потеклото на тие пари на следните рочишта.

„Ако веќе тврди дека тие лица не трба да ги има во телефон и е сомнително што ги има, треба да обезбеди докази што тој направил со тие лица“ изјави Ѕвонко Давидовиќ – Адвокат на Ристов.

Претходно презентирани беа и разговори снимени со посебни истражни мерки, а според обвинителството снимките покажуваат како била договарана средба меѓу екс судијата Ристов и лица поврзани со двајца обвинети за тешки кривични дела.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top