Македонија

Екс премиерот напиша Македонци со мало ,,м” и им се обрати на одродите меѓу кои самиот не се гледа

Тој добро знае дека Македонци се пишува со големо М

Екс премиерот и лидер на ВМРО Народна на денот на убиството на  Мара Бунева на Фејсбук напиша Македонци со мало ,,м” и им се обрати на одродите меѓу македонците меѓу кои самиот не се гледа.

 

 

 

 

 

,,Денес е денот на Мара Бунева!

 

Ден во кој вистинските Македонци оддаваат почит!

 

Ден во кој македонските одроди бараат предавници за да да си го покријат своето предавство”, напиша Георгиевски.

 

Во својата објава Георгиевски Македонците пишува Македонци мало ,,м” и неговиот пост во текот на целиот вчерашен не беше променет се додека еден коментатор не му забележува за тоа.

 

 

Тој дипломирал на групата за општа и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Георгиевски со своето образование добро знае дека Македонци се пишува со големо М.

Во коментарите на неговиот пост дискретно и индиректно му се упатува порака дека кога се зборува за македонски изроди работата не е јасна кој се би можел да биде така наречен.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top