Македонија

ЕУ го демантира СДСМ, пораката од Кос не е за Македонија

Жерновски повторно фатен во лага, овој пат со помош на изјава од кабинетот на Еврокомесарката за проширување

Европската Комисија поточно кабинетот на еврокомесарката за проширивање Марта Кос го демантира високиот функционер на СДСМ Андреј Жерновски кој вчера на прес конференција изјави дека Кос мислела на Македонија кога зборувала за токсично руско влијание и тројански коњи кај земјите кандидати.

Од кабинетот на Кос за expres.mk велат дека изјавата на Кос не се однесува на Македонија туку таа зборува генерално за сите кандидати во смисла на постоење на силна и отпорна демократија.

Expres.mk го праша кабинетот на Кос дали изјавата на Кос се однесува конкретно на Македонија, на други конкретни земји, на сите земји кандидати или и на земји кои не се кандидати.

Одговорот од кабинетот на Кос укажува дека Жерновски лаже и измислува кога вели дека пораката на Кос се однесува на Македонија.

Жерновски вчера на прес конфернција рече дека во изјавата на Кос јасно пишувало што се случува во однос на патот на Македонија кон Европската унија.

Жерновски ја цитираше Кос во делот: ,,Мора да бидете отпорни на токсично влијание од Русија и другите и нема да дозволиме „тројански коњи во Европската унија” и заклучи дека дека Кос и се обраќа директно на Македонија.

Според Жерновски изјавата не се однесува на други земји или и на други земји туку исклучиво на Македонција што според кабинетот на Кос е лага.

,,Граѓаните мора да знаат дека оваа порака се однесува на нашата земја, за жал”, рече Жерновски по што доби индиректен демант од Европската комисија.

На Жерновски не му е прв пат јавно да лаже.

Од низата негови гафови најинтресена беше неговата лага кога лани во Септември објави дека претседателката Сиљановска-Давкова се сликала со восочна фигура на претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија.

Откако беше фатен во лагата тој ја избриша лажната но никогаш не се извини за објавената лага.

Дали сега Жерновски ќе се извини за лагата според која Кос зборувала конкретно за Македонија е прашање на чест и морал.

Целата изјава со најновата лага на Жерновски во видеото на СДСМ

Најнови вести од: Македонија

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

To top