Македонија

Еве кое е финансиското друштво за брзи кредити што остана без лиценца

Според Фокус финансиското друштво „Креди Јес“, познато по нудење на брзи кредити, останува без лиценца за работа откако Министерството за финансии утврдило сериозни повреди на законските обврски.

Според Фокус финансиското друштво „Креди Јес“, познато по нудење на брзи кредити, останува без лиценца за работа откако Министерството за финансии утврдило сериозни повреди на законските обврски.

Според информациите, друштвото зад кое стојат сопственици од Бугарија, веќе ги затвора своите околу 40 филијали низ целата земја, а околу 120 вработени добиле известување дека им е прекинато работењето. „Креди Јес“ ќе може да продолжи само со наплата на постоечките побарувања кон клиентите.

„Креди Јес“ започна со работа во Македонија во 2019 година. Во минатата година компанијата остварила приходи од околу 4 милиони евра и добивка од приближно 1,15 милиони евра, со што се наоѓаше меѓу поголемите играчи на пазарот на финансиски друштва.

Министерството за финансии соопшти дека дозволата за работа е одземена по вонреден надзор, кој бил спроведен по пријава од граѓанин. Од Министерството не соопштија детали за конкретните прекршувања, туку само дека станува збор за сериозни повреди на законските обврски.

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво

Кое е финансиското друштво кое остана без лиценца за работа за кршење на законот?

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top