Македонија

Европа ги загуби сите свои компаративни предности, тврди Димовски

Денес во Вашингтон видовме како процесот на дефакторизација во Европа ќе се мултиплицира

Вашингтон како повод.

Европа е на крстопат: од фактор кон видлива маргиналност.

 

Европа постепено ги загуби сите свои компаративни предности.

Технолошки и научно, веќе не е вториот пол на светот, туку следбеник зад САД и Азија.

Трговски, не претставува глобален фактор.

Финансиски, еврото е единствената голема валута со постојана надолна партиција во меѓународната трговија.

Енергетски и ресурсно, останува целосно зависна од други играчи.

Демографски, со намалена популација и стареење на населението, нема развоен потенцијал. Увозните супстрати на население се некомпатибилни на европските интереси.

Политички, демократија и човекови права постојат колку за „сопствено огледало“, но не и како извозен модел. Не постои вистински вредносен политички систем еднакво применлив за сите.

Институционално, нефункционални механизми и буџетски трошоци кои наликуваат на доцносоцијалистички систем.

Економски, скоро и да нема европска компанија со стратешка важност за светската економија (освен една, холандска).

 

Она што денес го гледаме во Вашингтон како процес на дефакторизација во Европа ќе се мултиплицира во следната деценија или две, доколку Европската Унија не стане навистина Европа. Простор што ја рефлектира својата филозофија на слобода и демократија, на натпревар и конкуренција.

 

Оваа Европа денес е лик на социјализам во седумдесетите, кој се распаѓа колку и тоа да не го гледате или да не сакате да го прифатите. Како Југославија за некого, некогаш.

Или Европа ќе се реформира и ќе создаде вистинска моќна унија, или ќе остане периферна сцена во светот што веќе дневно се редефинира.

 

П.С. Ја сакам Европа како систем на длабоки цивилизациски вредности,

а не како тезга за бирократи, некреативни административци и анационални политичари.

Статус на екс пратеникот Илија Димовски

Најнови вести од: Македонија

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top