Бизнис

Мицкоски за изградбата на автопатите: Сè се одвива според предвидената динамика

Формиран е синдикат од домашни банки, со исклучително поволни услови и практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно

Сите делници од Коридорот 8 се одвиват според предвиденеата динамика. Моментално се работаат галериите, имавме мала потешкотија, посевно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево – Охрид, затоа што заемот кој што го добивавме од кинеската Ексим Банка повеќе не го добиваме, но бргу се реорганизиравме и тој проблем е надминат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос за тоа како се одвиваат работите во изградбата на втопатиштат во Република Македонија.

-Формиран е синдикат од домашни банки, со исклучително поволни услови и практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно, и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална, потенцираше премиерот.

Градежните работи напредуваат и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар- Букојчани, како и на делницата Прилеп – Битола рече Мицкоски.

-Исто така напредува делницата Тетово – Гостивар, Гостивар- Букојчани и конечно е предаден извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани – приклучок Кичево, практично на автопатската делница Кичево – Охрид, така што во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така напредува реализацијата на делницата Прилеп – Битола која што е дел од коридорот 10Д, појасни премиерот Христијан МИцкоски.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top