Македонија

Европската слободна алијанса го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија!

„Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство во Бугарија: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија- членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.“ – истакна вчера, на 20 ноември 2025 година во својата официјална изјава Европската слободна алијанса – ЕФА, европска политичка партија, која е сочинета од регионални и малцински политички парти од европскиот континент, а меѓу нив и ОМО „Илинден – Пирин од Бугарија.

Намалувањето на меѓународниот надзор врз Бугарија би го поткопало кредибилитетот на системот за заштита на човековите права на Советот, бидејќи Бугарија не ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права. Време е Советот на Европа да ги засили своите напори во заштитата на правата на малцинствата во Бугарија. На 2 декември 2025 година Комитетот на министри ќе се состане, за да одлучи дали да продолжи со следење на кршењата на правата на малцинствата од страна на Бугарија, или да го намали меѓународниот надзор во ова прашање. ЕФА го повикува Комитетот на министри да продолжи да одржува засилен мониторинг врз Бугарија сè додека се постигне опипливо и проверливо почитување на правата на малцинствата. – порача Европската слободна алијанса (ЕФА) во својата официјална изјава, објавена на нејзината интернет-страница, под наслов „ЕФА го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија“.

ЕФА натаму посочува: Ние во ЕФА сме загрижени за состојбата со правата на малцинствата во Бугарија. Оваа држава продолжува да одбива да ја признае Македонската заедница и да регистрира која било македонска организација, кршејќи го член 11 од Европската конвенција за човекови права. Меѓународните тела како што се Европскиот суд за човекови права и Комитетот на министри на Советот на Европа постојано препорачуваат да се преземат потребните мерки. Бугарија, исто така, избегнуваше да ги спроведува одлуките донесени од овие институции.

Затоа, не би го разбрале Советот, ако одлучи за предвремено затворање на мониторингот по ова прашање. Тоа би го поткопало авторитетот на Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) и кредибилитетот на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа. – рече потпретседателот на ЕФА Керем Абдурахимоглу.

Како стигнавме дотука? Ситуацијата е особено загрижувачка. Прашањето ќе стигне на масата на Комитетот на министри,  откако Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи на 1 октомври да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија и наместо тоа да го разгледа напредокот во рамките на периодични прегледи. Тоа е резултат на напорите на Бугарија да ја ограничи својата одговорност во врска со правата на Македонците во земјата.

Советот го следеше почитувањето на правата на малцинствата од страна на Бугарија, откако Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.

Претседателката на ЕФА Лорена Лопез де Лакале изјави: „Според бугарските власти, македонското малцинство не е присутно во Бугарија, не постои. Но, тие, македонското малцинство, бараат целосно признавање, вклучително и слобода на здружување и политичко претставување. Демократските права на политичко постоење на македонското малцинство во Бугарија треба целосно да се почитуваат. Го повикуваме Комитетот на министри на Советот на Европа да ги зголеми своите дипломатски и политички контакти со Бугарија, така што ќе дејствува во согласност со највисоките демократски стандарди утврдени од европските и меѓународните организации.“

За време на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа известувачите заклучија дека Бугарија не ги исполнила своите обврски во врска со правата на малцинствата. Но, и покрај сите факти и докази, што беа во тек, Парламентарното собрание на Советот на Европа сепак одлучи да го прекине пост-мониторинг дијалогот на Бугарија. По одлуката на ПССЕ, Комитетот на министри ќе го разгледа затворање на мониторингот над групата на случаи од Македонија на 2 декември.

„Таа одлука може да оди само во една насока, ако институцијата сака да го задржи својот кредибилитет, треба да продолжи да ја следи Бугарија сè додека таа како држава ги спроведе одлуките на Судот и и додека обезбеди непречена регистрација на македонските организации. – рече генералниот секретар на ЕФА Ориол Кејс, стои во нејзината официјална изјава.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

To top